| четврток, 6 декември 2018 |

Музичарот Зоран Џорлев во спасувачка акција: Како се симнува мачка од врв на бандера?

Зоран Џорлев поладнево побара помош, или некое стручно лице, кое што ќе му помогне да симне маче кое што веќе со часови стоело искачено на врвот на уличната бандера, во Горно Лисиче.

„Мачево стои веќе два часа на бандерава и не може да се симне… Звоневме на пожарна и ЕВН, и упатија дека тие од улично осветлување со корпите ќе завршат работа… Звониме, никој не се јавува. Звонам исто така и оставам пораки на Анима Мунди, ама и тие се недостапни!?!? Ајде кажувајте чаре!?!?” – апелираше на својот Фејсбук профил музичарот, по што доби лавина од коментари од загрижени граѓани, но и конкретни упатства како да му помогне на мачето.

Пред дваесетина минити Џорлев повторно пиша на Фејсбук дека мачето е спасено и упати благодарност за хуманоста, но и професионалноста на противпожарните служби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top