| четврток, 6 декември 2018 |

Публиката уживаше во концертот „Виолина и глас“ во МНТ

На сцената на новиот објект на Македонскиот народен театар, вчеравечер македонската публика можеше да ужива во изведба на десет македонски изворни песни во изведба на маестро Зоран Џорлев, Сузана Спасовска и триото „Фор стрингс“. Концертот „Виолина и глас“ на Зоран Џорлев и на Сузана Спасовска ја остави без здив публиката во МНТ. Преполната сала уживаше еден и пол час во изведбата на десетте нумери од албумот „Виолина и глас“.

dzorlev-spasovska-violina-i-glas-2

Аранжманите на Сашо Ливрински за „Те видов, се заљубив“, „Налеј, налеј“, „По друм одам мајче“, „Ајде брала мома“, „Жали горо“, „Параходот ми пристигна“, „Градел Илија манастир“, „Црна се чума зададе“, „Сношти појдов, мила мамо“ и „Т’га за југ“ само потврдија дека македонската народна музика може да звучи одлично и кога е претставена на овој начин, приспосонеба на овој четиричлен гудачки состав, со прекрасниот глас на Сузана Спасовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top