Во последниот денешен натпревар од 33. коло на Премиер лигата, на „Сент Мери“ фудбалерите на Манчестер Сити славеа гостинска победа од 3-0 против тимот на Саутемптон. По денешната победа четата на Гвардиола се искачи на третата позиција на табелата.
„Граѓаните“ триумфот си го обезбедија во второто полувреме, кога беа постигнати сите три погодоци. Најпрво погоди Компани во 55. минута. Сане во 78. минута зголеми на 0-2, а Агуеро во 80. минута ги постави конечните 0-3.
Со најновите три бода, Манчестер сити сега со 64 бода повторно се проби на третото место пред Ливерпул кој има 63 бода. Водечки е Челси со 75 бода, пред Тотнехем кој има 71 бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)