| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетико Мадрид и без Гризман лесно против фенерџијата Осасуна (видео)

karasko

Атлетико Мадрид лесно излезе на крај со „фенерџијата“ Осасуна, славејќи со 3-0 на „Висенте Калдерон“. Со 65 бода „јорганџиите“ се наоѓаат на третата позиција на табелата која води директно во Лигата на шампионите следната сезона.

Јаник Караско во 30.минута го проби бункерот на Осасуна, а потоа беше полесно за домашните фудбалери. Тренерот Диего Симеоне реши да го одмори Гризман, но тоа го искористи Караско кој постигна и втор гол во 47.минута. Филипе Луис беше стрелец на третиот гол за Атлетико Мадрид во 61.минута, а интересно беше во завршницата, кога Караско и Томас не успеаја да реализираат два пенали за домашниот тим, во 89 и 90 минута.

Голманот на Осасуна, Салваторе Сиригу, ги одбрани ударите и на Караско и на Томас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top