Некои сметаат дека станува збор за оддалеченоста меѓу Белград и Скопје, други дека има врска со Загреб, трети со локомотива…Но, ништо од тоа!
Познатиот хит на Бајага и инструктори, „442 до Београда“ бил создаден во далечната 1986 и сите овие години речиси никој не знаеше што всушност означува насловот на песната.
Многумина се обидувале да ја решат мистеријата, но најчесто останувале на сосптвените теории на кои им верувале.
Една теорија од неговите фанови беше дека станува збор за оддалеченоста меѓу Скопје и Белград , бидејќи тоа е приближно 442 километри, според други оддалеченоста меѓу Загреб и Белград, но тоа е помалку веројатно бидејли патот Белград -Загреб е 390 километри, трети пак сметале дека 442 е број на локомотивата на возот кој сообраќа на релација Белград-Загреб која направила рекорд од некои 180 километри на час во насока кон Белград.
Иако сето ова изгледа логично, ништо од тоа не е точно. Бајага ја разјасни мистеријата…
-– Бројот 442 не се однесува на никаква конкретна оддалеченост и тука не постои никаква симболика. Вистина е дека тоа е приближната километража до Скопје или до Сараево, но тоа не ми беше во глава додека ја пишував песната и кога се одлучив за тој број. Го искористив бидејќи сакав да наведам некоја поголема дестинација, а не 20 километри, а овој број совршено се римуваше, со насмевка вели Бајага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)