| четврток, 6 декември 2018 |

Полиција ги чува црквите на Косово

Полицијата во Косово презема 24-часовна заштита на сите цркви за Велигден, објавија локалните медиуми.

Наместо 8 часа косовските полицајци ќе работат по 12 часа, прекинати се и одморите на сите полициски службеници, потврди заменик-министерот за внатрешни работи, Милан Радоевиќ.

Претходно  таква заштита имаше на  главниот  храм „Мајка Тереза” во Приштина, сега за првпат ќе има 24-часовна заштита на сите цркви во државата.

Амбасадата на САД им препорача на американските граѓани да бидат внимателни и да преземат мерки за личната безбедност.  Медиумите во Приштина пишуваа вчера дека силите за безбедност во Косово “се вознемирени од заканите за терористички напади” пред Велигден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top