| четврток, 6 декември 2018 |

Санди Чешко-најбогатиот Словенец според „Форбс“ нема ниту секретарка

Најбогатиот Словенец според „Форбс“, Санди Чешко, иако тежок околу 410 милиони евра, според стилот на живот би се рекло дека е обичен службеник. Тој е еден од ретките богаташи на  кој нема статусни симболи-јахта, викендичка, скап часовник. Овој крал на директната продажба нема дури ни секретарка и сите работи ги извршува сам.

Бизнисот го започнал со „Космодиск“, а денеска е крал на душеците и перниците „Дормео“. Неговото „Студио модерна“ со „Топ шоп“ е најголема фирма за продажба во Источна Европа, која работи во повеќе од 20 земји.Сепак, сопственикот на оваа империја никогаш не се замислувал себе си на сопствена јахта, бидејќи според неговите зборови, секогаш има повеќе идеи отколку пари на располагање.

-Моето его се задоволува да сум меѓу најдобрите, иако не најдобар во она што го работам, а не во она што сум го купил благодарение на мојата работа. Луѓето очигледно милста дека успехот се мери со должината на јахтата, бројот на викендички и други луксузни атрибути. Јас немам ништо од тоа. И мојот часовник е од марката „swatch“ -кога воопшто го носам на рака, вели Чешко и доадва дека најверојатно има најскап велосипед на светот. Во тој производ за десет години развој сум инвестирал повеќе од пет милиони евра, а годинава ќе го понудам на пазарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top