Охрид се полни со гости, за што потврда се од синоќа светнатите прозорите и полните паркиралиштата, пред зградите од населбите што од охриѓани од милост ги прекрстиле во “Карпош 3″ и Карпош 4”.
За сите гости, Охрид, преку ЈП Билјанини извори, чести 4 дена велигденско бесплатно паркирање насекаде во градот.
Четирите неработни дена од продолжениот празничен Велигденски викенд, во Охрид ќе ги искористат голем број гости од Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и други македонски градови.
Традиционално, голем број дојдоа од регионот: Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, но ќе имаме и од подалечните земји. Tука се и гостите од Холандија, Данска, годинава и Израел и Полска.
Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ги известува граѓаните на Охрид и сите оние кои за Велигденските празници престојуваат во градот, дека на 16 април, по повод празникот, наплатната служба на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието нема да работи и паркирањето ќе биде бесплатно за сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.