Седумдесет и деветгодишната К.М. од Прилеп синоќа била убиена во својот дом од нејзиниот внук, 30-годишниот М.М., соопшти Министерството за внатрешни работи.
Тој околу 23 часот најпрво се обидел да ја задуши со перница во нејзината спална соба во куќа на ул. „Борка Медаро“. Таа се разбудила, почнала да дава отпор и успеала за момент да го оттргне од себе.
Потоа М.М. извадил метален боксирач и неколку пати ја удрил во пределот на главата, по што таа починала. По еден час од настанот М.М. сам се пријавил во Полициската станица Прилеп. Итната медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од прилепската полиција.
М.М. е задржан во полициската станица и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка