Амбасадата на САД во Приштина ги повика своите државјани на Косово да бидат внимателни во текот на велигденските празници и на масовните собири и манифестации „поради закана од можни терористички акции“, а косовската полиција ги зголемила мерките за безбедност, пренесуваат српските медиуми.
Повикот до американските државјани, како што пренесува РТС, важи и за останатите граѓани на Косово, со препорака да внимаваат на масовните собири, со оглед на тоа што и православната и католичката верска заедница го празнуваат Велигден.
Во повикот се истакнува дека терористите во регионот уште од претходно планирале да нападат чувствителни цели, вклучувајќи цркви, јавни простори, спортски терени и јавни собири, па во тој контекст американската амбасада го повикува своите граѓани да го преиспитаат своето движење, за да ја обезбедат личната безбедност.
„Ваквите повици до американските граѓаните се случуваа и претходно за време на верските и останатите празници, но вниманието е насочени и кон одлуката на врвот на косовската полиција да ги повика сите свои припадници од одмор и да се вратат на работа, и тоа со 12-часовно работно време“, наведува РТС, нагласувајќи дека дополнително ангажирање на косовските полицајци ќе трае „додека не се донесе нова одлука на полицијата“.
Од косовската полиција, без дополнителни објаснувања, рекла дека „полицијата е обврзана врз основа на своите задачи да ги сузбие опасностите и да ги одржува редот и мирот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации