Бомбашкиот напад во Дортмунд направи натпреварот меѓу Борусија и Монако да биде одложен за еден ден подоцна, но среќна околност во целата оваа страшна ситуација беше тоа што играчите на германскиот клуб пројдоа без потешки повреди во атентатот на нивниот автобус.
Единствен кој мораше да биде префрлен во болница поради повреда на раката беше шпанскиот стопер Марк Бартра, а сега тој повторно е топ тема во германската спортска јавност откако сподели една поширока и емотивна порака за 15-те најтешки и најдолги минути во неговиот живот.
– Денес во облницата повторно имав посета од луѓето кои ме прават најсреќен. Тие ми се најважни во животот, причината поради која ги минувам сите пречки, а оваа последната беше најтешка во мојот живот, искуство кое не му го посакувам на никому. Болката, паниката, нејаснотиите за тоа што точно се случува, ни колку долго ќе трае… Тоа беа најдолгите и најтешките 15 минути во мојот живот. Сакам да кажам дека шокот од овие неколку дена полека се смалува, но од друга страна ми се зголеми желбата за живот, за борба, за работа, за смеење, за плачење, за сочувствување, за сакање, за верување, за играње, за тренирање, за минување време со луѓето кои ги сакам. Ми се зголеми желбата да ги видам стадионите полни со луѓе кои ја сакаат нашата професија, добри луѓе кои само сакаат да ги направиме среќни и да заборават на сите лоши случувања во светот кој во последно време е се полуд. Единственото што го барам, ЕДИНСТВЕНОТО, е сите да живееме во мир и да ги оставиме зад нас војните. Овие денови кога си ја гледам раката, врзана во завои, чувствувам гордост. Ја гледам горделиво поради тоа што сета болка која сакаа да ни ја нанесат во вторникот, остана само на тоа. Голема благодарност до докторите, до помошниците во болницата, физиотерапевтите и сите останати луѓе кои ми помогнаа раката да остане во перфектна состојба. Голема благодарност до илјадници и илјадници луѓе, фанови, медиуми, организации од секаков тип, до соиграчите, до Борусија. Направивте да ја почувствувам вашата љубов и вашата поддршка. Морав да го напишам ова и да се растоварам, се со цел да можам повторно да бидам максимално подготвен што е можно побрзо! Голем поздрав до сите!, – гласи пораката која ја испрати стоперот на Борусија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)