| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Нема што многу да се зборува, четворицата напаѓачи се виновни за ремито

zoze murinjo

Манчестер јунајтед доминираше на првиот дуел од четвртфиналето против Андерлехт во Лигата на Европа, но на крајот мораше да се задоволи само со реми (1-1) во Белгија, откако домашните дојдоа до израмнување во 86. минута со голот на Леандер Дендонкер.

По крајот на мечот, Жозе Мурињо беше лут на неколку свои играчи, кон кои директно ја насочи вината за исходот на натпреварот…

– Вакви натпревари едноставно мора да ги победуваме. Имаме игра, имаме шанси, но не постигнуваме голови… А, потоа една шанса за противникот, една грешка во одбраната и добиваме казна – истакна Мурињо, и дополни:

– Но, нема што да кријам… Виновни за ремито се четворицата напаѓачи, Рашфорд, Линдгард, Ибрахимовиќ и Марсиал. Кога севкупно ќе го гледаме учинокот на нашите напаѓачи, кога ќе стиснеш и почнеш да цедиш нема нешто многу сок во нив. Мислам дека овие четворица играа сосема слично… Или, ништо… Играчите од одбраната играа концентрирано. Да сум ја дефанзивен фудбалер, би бил лут и разочаран од овие напаѓачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top