| четврток, 6 декември 2018 |

По експлозијата во Дортмунд: Какви мерки преземаат МВР и ФФМ за безбедноста на Суперкупот во Скопје?

Терористичкиот напад кој се случи во пресрет на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите, меѓу Борусија Дортмунд и Монако предизвика шок меѓу спортските фанови. Автобусот со кој се превезуваа фудбалерите на домашниот тим беше нападнат со три експлозии. Скршено било едно стакло, а повреден бил шпанскиот интернационалец Марк Барта, кој бил пренесен во болница.

Натпреварот беше одложен за следниот ден, а ваквата информација беше дочекана со неверување од страна на фановите на Борусија Дортмунд.

Ова е прв ваков настан поврзан со ЛШ во фудбал, но не е прв спортски настан кој е цел на терористи. Поради терористички напади во 2015 година беа одложени пријателските фудбалски натпревари Белгија – Шпанија и Германија – Холандија.

Од овие причини безбедносната и антитерористичката стратегија последниве децении е клучна при одржувањето на сите големи спортски настани. Буџетите за оваа намена од година во година се се поголеми. За ЛОИ 1992 во Барселона биле потрошени 66,2 милиони долари, а 16 години подоцна, за истата намена на ЛОИ во Пекинг, Кинезите вложија 6,5 милијарди долари.

Европскиот Суперкуп натпревар оваа година ќе се игра во Скопје. Тоа значи дека МВР и ФФМ ќе мора да посветат големо внимание за безбедноста на и околу Националната арена “Филип Втори”. Еден од потенцијалните учесници во овој Суперкуп натпревар, Манчестер јунајтед е првиот клуб во Англија, кој и официјално има вработено лице за борба против тероризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top