Во срцето ја носеше македонската песна, душа и мисла. Знаеше да каже дека е горда на својата Македонија. Затоа Есма сиот свој имот ѝ го подари на Македонија – вели Костовска.
Вчера се отвори тестаментот на Есма Реџепова Теодосиевска, во кое јасно и гласно стои дека сиот имот ѝ го подарува на државата, изјави Зорана Костовска, најблискиот соработник на Есма Реџепова Теодосиевска.
Костовска вели дека Кралицата на Ромската музика постојано велела дека парите ги направила од концерти, а за концертите народот купувал карти, така што таа сакала сè да остави на својот народ.
– Таа го исполни своето ветување. Есма многу ја сакаше Македонија и Македонија ја сакаше Есма. Никогаш каде и да одевме низ светот Македонија не ја изоставуваше од своите изјави, интервјуа. Во срцето ја носеше македонската песна, душа и мисла. Знаеше да каже дека е горда на својата Македонија. Затоа Есма сиот свој имот ѝ го подари на Македонија – вели Костовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)