Регулативите од Третиот енергетски пакет на ЕУ не би требало да се однесуваат и на подводниот дел на гасоводот Северен тек 2, изјави денеска претседавачот на економскиот одбор во германскиот Бундестаг, Петер Рамзауер.
-Рускиот гас ќе одигра исклучително важна улога во намалиување на користењето на јагленот во германското производство на електрична енергија по напуштањето на нуклеарната енергија. Ние до сега не ја проширивме инфраструктурната мрежа на обновливите извори на енергија , додека нашето производство на гас во Европа паѓа, заради што клучната улога ќе биде доверена на рускиот гас- посочи Рамзауер на риско-германската меѓупарламентарна група која се занимава со енергетика.
-Затоа во целост го подржувам проектот Северен тек 2- додаде тој. Тој проект, додава, има моќни противници, како што е Европската комисија, неколку источноевропски земји и САД, кои се водат од политички а не економски мотиви, оценува Рамзауер.
Северен тек 2 би требало да почне со работа кон крајот на 2019 година. Гасоводот со вкупен годишен капацитет од 55 милијарди мубни метри гас, би го удвоил количеството на гас која од Русија директно би се испорачувала во Германија преку Балтичкото море, заобиколувајќи ја Украина како традиционална транзитна рута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.