| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од „За заедничка Македонија“: „Стих за љубов!“ за велигденските празници (ВИДЕО)

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска промовираше песна насловена како „Стих за љубовта“.

Во заедничка Македонија се роди и песна. Како и во сѐ што правиме, така и во неа нѐ води љубовта. Од идеја до реализација помогнаа многу луѓе на кои сме им неизмерно благодарни, стои во нивниот статус на „Фејсбук“.

Пеат: Марта Костурска и Јовче Шиле Пандев
Музика: Пол Сајмон
Текст: Александар Русјаков
Продуцент: Драган Гиновски–Гино
Аранжман и пратечки вокали: Андријана Јаневска

Ви ја подаруваме оваа магична тема за да ви ги разубави велигденските празници кои од срце ви ги честитаме. Остануваме будни и се гледаме наскоро повторно на нашата заедничка патека, стои во нивната порака на профилот на „Фејсбук“ на „За заедничка Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top