Игор Ивановски се повлече од трката за претседател на СДСМ. Еден ден пред конгресот на партијата тој соопшти дека донел ваква одлука за да се задржело единството и да се избегнат поделби во партијата. За претседателската фотелја на Црвенковски сега остануваат да се тркаат Кире Наумов, Зоран Заев и Зоран Јовановски. Сепак, во јавноста сè уште има сомнежи во врска со исходот од конгресот бидејќи не е јасно дали Црвенковски ќе го одржи зборот и ќе нема да се кандидира за уште еден мандат или ќе ја прифати иницијативата на над 20 илјади членови да остане на врвот на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


