Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ нема да протестира за време на велигденските празници, а со редовните собири ќе продолжи од вторник. Како што денеска најави еден од организаторите на иницијативата, Богдан Илиевски, тоа не значи дека граѓаните нема да бидат на готовс.
– Тоа што нема да сме по улиците од 17 до 19 часот, марширајќи, овие денови до вторник, не значи дека не сме цело време спремни, на готовс, дека ја следиме ситуацијата и дека доколку некој се дрзне и за време на овие големи празници се обиде да прави нешто што не би требало да го прави, ќе има соодветна акција, соодветен одговор – посочи Илиевски.
Вели дека граѓанската иницијатива ќе ги продолжи активностите во вторник и додаде дека одлуката за оваа пауза на активностите е поради тоа што Собранието нема да работи за време на празниците.
– Собранието денеска не работи, па ни ние нема однадвор да го потсетуваме она што го потсетуваме наназад 45 дена – потенцира Илиевски.
Тој на сите граѓани на Република Македонија им ги честиташе велигденските празници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)