| четврток, 6 декември 2018 |

Судиите главни ѕвезди во првите четвртфинални средби во Лигата на шампионите (видео)

mbape

Со вчерашните натпревари меѓу Баерн Минхен – Реал Мадрид и Атлетико Мадрид – Лестер Сити заврши првата фаза од четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите.

Во четирите натпревари кои се одиграа во овие два дена ниту еден натпревар не заврши без победник. Јуве за Барса патува со огромна предност од 3-0, Монако повторно блесна на гости и ја доби Борусија со 2-3, Атлетико Мадрид славеше минимално над англискиот шампион Лестер Сити (1-0), а бранителот на титулата Реал Мадрид го изненади големиот Баерн Минхен и по пауза од скоро три години повторно го совлада на „Алијанц арена“ (1-2).

Сепак, колку и да видовме допадлив фудбал, како и прекрасни голови на овие натпревари, она за што бруи цела фудбалска Европа се многубројните грешки на судиите на овие натпревари кои дефинитивно ѝ штетат на оваа игра. Во продолжение погледнете сите катастрофални судиски грешки на овие натпревари.

Досуден пенал против Реал Мадрид, Карвахал играше со рамо.

Оштетен Лестер, Гризман беше фаулиран надвор од казнетиот простор.

Монако поведе со голот на Мбапе од чиста офсајд ситуација.

Поништен чист гол на Јувентус, Кедира не беше во офсајд.

Недосуден пенал за Барселона, Кјелини играше со рака во казнетиот простор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top