Жозе Мурињо со победа се прости од Реал Мадрид, а на заминување се обиде со галантен потег да го поправи впечатокот кај навивачите на „кралскиот клуб“. Португалецот напиша порака „Хала Мадрид“ што во превод значи „Да живее Мадрид“. Реал ја победи Осасуна со 4-2.
Најголеми губитници во завршницата, во последното коло, се Валенсија и Депортива Ла Коруња. „Лилјаците“ од Валенсија загубија кај Севилја нагости со 3-4 и нема да играат во Лигата на шампионите, бидејќи ги загубија двата бода предност пред Реал Сосиедад, екипа што ја победи Депортиво Ла Коруња со 1-0 и ја исфрли од Примера.
Во понизок ранг се селат и Мајорка и Сарагоса, а во последен час се спаси Селта. Тимот од Виго го победи Еспањол со 1-0 и го прескокна ривалот Ла Коруња.
Последната рунда донесе и спектакуларна атмосфера на „Камп Ноу“, каде Барселона ја победи Малага со 4-1. На нозе публиката ја крена простувањето на Ерик Абидал, а играчите си го заслужија бонусот од еден милион евра што им го вети претседателот на Барса, Сандро Росел. Со триумфот над Малага Барселона освои 100 бода и го израмни ланскиот рекорд на Реал Мадрид.
Резултати: Реал Мадрид – Осасуна 4-2, Барселона – Малага 4-1, Селта – Еспањол 1-0, Ла Коруња – Реал Сосиедад 0-1, Гранада – Хетафе 2-0, Леванте – Бетис 1-1, Мајорка – Валјадолид 4-2, Рајо Валјекано – Атлетик Б. 2-2, Севилја – Валенсија 4-3, Сарагоса – Атлетико М. 1-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


