Некои луѓе намерно ставаат сол наместо шеќер во нивното кафе. Вистинските љубители на кафе се секогаш креативни во изнаоѓање нови и интересни начини за да го подобрат вкусот на кафето. Колку и да ви звучи чудно, сепак науката се согласува со оваа нова техника. Една студија од списанието „Nature“ покажа дека натриум јоните ја потиснуваат горчина од кафето и го истакнуваат неговиот вкус.
Ова не е прв пат љубителите на пијалоци да се пофалат со благодетите од својствата на солта. Експертите за вино ја користеле солта за да го избалансираат вкусот на виното со пониска цена.
Откритието доаѓа од поранешниот шеф на Мајкрософт – Нејтан Мајхарволд , кој случајно, на една забава додал малку сол во чашата вино на еден од гостите.
Како и да е, следниот пат додека го пиете вашето кафе и уживате во јакиот вкус, но ви пречи неговата горчина, сетете се да додадете мала количина сол за да го подобрите вкусот.
извор: hybread.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.