
Баварците први дојдоа до предност со погодокот на Томас Милер во 37. минута од натпреварот.
На почетокот од второто полувреме, Гомез асистираше до Лама кој го даде вториот гол за Баерн и направија значајна предност на натпреварот. Во 61. минута Гомез го постигна и третиот гол за Баерн, но Штудгард успеа да го намали резултатот на 3:2, а головите ги дадоа Харника во 71. и 80. минута од натпреварот.
Сепак, до крајот на натпреварот резултатот остана непроменет и Баерн го освои трофејот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


