| четврток, 6 декември 2018 |

Велиновска: Сите овие битанги никогаш не спуштиле нога на теренот што сакаат да го пеплосаат

Mirka-Velinovska-2

„Што мајка бара Џон Мекејн на Балканот токму сега? Ништо не ни кажа Зоран Јолевски како „експерт“ за Мекејн, а не се огласи ни техничката ни влада или не дај боже ВМРО-ДПМНЕ, па јас си терам бајрам со умот и велам дека вампиров се бори против влијанието на Русија во регионот, кој Вашингтон си го смета за свој наследен или стекнат приватен имот“, пишува Мирка Велиновка во својата последна колумна Македонија не можела без Албанци, ама можела без Македонци.

„Kако секое животно територијалец, ваквите примероци сакаат со своја мочка да ја обележат освоената територија. Има извесно време како на балканскиот терен се присутни траги на повеќе мочки, оти, нели, светот се испомеша комуникациски, трговски, културно, миграциски. Но, на Мекејн тоа не му се бендисува. Оти е одамна црпнат. И сака воено да реагира. Со падот на Kлинтонка и друштвото на Обама на изборите Балканот одеднаш се тргна од линијата на огнот. Е, ама Џон сака пак да ја реконструира и оживее. Преку Еди Рама и Зоран Заев.

– Kако вистински стрвинари што вртат околу пленот, последната посета на Обама беше на Балканот. Бившиот шеф на ЦИА му појде на гости на Еди Рама за да му ја даде платформата, а ете го сега и алтернативниот врховен командант на „нашиот“ министер за одбрана Зоран Јолевски. Што ти е стрвинарска природа, бре! Сите овие битанги никогаш не спуштиле нога на теренот што сакаат да го пеплосаат. Работат и управуваат на далечинско со своите издресирани локални контрактори. Kојзнае што ги плаши. Македонската клетва опеана во народната песна за судбината на душманите? Духот на Александар ли, сеништата на првите христијани, на богумилите реформатори и етичари ли, на просветителите што создале неколку азбуки и описменувале народ, отворале школи и универзитети или на илинденците републиканци и антифашистите, а сега и од живите црвено-жолти „фантоми“, пишува Велиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top