Ватерполистите на Црвена Звезда ја освоија Лигата на шампиони. Тие вечерва ја совладаа фаворизираната екипа на Југ.
Избраниците на Дејан Савиќ играа многу неизвесен и интересен меч во кој го совладаа противникот од Дубровник со 8:7 (2:2, 1:1, 3:3, 2:1).

Најефикасен ватерполист во екипата на Црвена Звезда беше Пијетловиќ, кој постигна два гола додека кај гостите од Дубровник, Јановиќ постигна четири. Вреди да се напомене дека најзаслужен за освојувањето на трофејот е голманот на „црвено-белите“, Денис Шефик кој одигра фантастичен натпревар.
Предходно, екипата на Барселонета во натпревар за третото место ја совлада екипата на Партизан со 11:10 (2:4, 2:3, 3:2, 3:2)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


