Од 13 до 17 април во Скопје, во рамките на годинашнава програма на „Танц-фест 2017“ и „Танцуваме со Виталија“ ќе се одржи проектот „Инкубатор флоатинг“ во кој учествуваат деца танчари од осум до 12 години, информираат од „Танц-фест“.
Ова е прв проект од овој вид кај нaс, во кој студентите од Новиот танцов центар од Хаг, Холандија пред нашата публика ќе ги претстават своите креации. Во рамките на оваа програма на сцената „Зебра“ на 14 април во 12 часот ќе има отворена програма, во која ќе настапат гостите од Холандија и децата од РИЦ од Скопје.
На 16 април, во 12 часот, „Инкубатор флоатинг“ програмата ќе се одржи на отворено, во комплексот Македонско село. Во програмата ќе бидат презентирани повеќе кратки кореографии, на Џоан ван дер Маст од Холандија и Матеа Киселичка. Оваа програма ќе продолжи во јуни, кога децата од РИЦ ќе гостуваат во Хаг, Холандија.
Во рамките на програмата „Танцуваме со Виталија!“ ќе се одржи и работилница за танц: Discovering Dance! со гостинката од Холандија, Џоан ван дер Маст.
Во рамките на програмата „Танцуваме со Виталија!“ ќе се одржи и работилница за танц: Discovering Dance! со гостинката од Холандија, Џоан ван дер Маст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.