| четврток, 6 декември 2018 |

Настап на деца-танчари на „Танц фест“

deca tanc fest

Фестивалот на современ танц „Танц фест“ денеска напладне на сцената „Зебра“ ќе ја прикаже програмата „Инкубатор флоатинг“ во која учествуваат деца танчари од осум до 12 години.

– Ова е прв проект од овој вид кај нас, во кој студентите од Новиот танцов центар од Хаг, Холандија, пред нашата публика ќе ги претстават нивните креации. Ќе имаме отворена програма во која ќе настапат гостите од Холандија и децата од РИЦ центарот од Скопје, соопшти „Танц фест“.

На 16 април „Инкубатор флоатинг“ ќе продолжи на отворено, во комплексот Македонско село, каде што ќе бидат презентирани повеќе кратки кореографии на Џоан ван дер Маст од Холандија и на Матеа Киселичка. Програмата ќе продолжи во  јуни, кога децата од РИЦ ќе гостуваат во Хаг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top