| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгеличани му порачаа на Заев: Ќе се бориме за унитарност на државата!

gevgelija-6

Приврзаници на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва во голем број се собраа во Гевгелија на мирен протест од кој побараа отфрлање на тиранската платформа со која, како што рекоа, се разнебитува државата.

-Нашите прадедовци ја бранеа Македонија од Отоманската империја, нашите дедовци од фашистичкиот окупатор, нашите татковци се бореа за нејзиното осамостојување од Југославија, а ние му порачуваме на Заев дека ќе се бориме за нејзината унитарност и за нашиот јазик против сите што сакаат да се пазарат со нашите национални интереси, рече Бошко Петров од иницијативата „За заедничка Македонија“.

Пред почетокот на маршот со едноминутно молчење гевгеличани им оддадоа почит на младите момчиња убиени пред пет години на Смилковското Езеро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top