Психолошкиот притисок што го чувствуваат фудбалерите на Борусија Дортмунд по терористичкиот напад во текот на вчерашниот ден, се одрази на играта денеска на домашен терен во првиот натпревар од четврфиналето во Лигата на шампионите против екипата на Монако.
Гостите од кнежевството стигнаа до голема и значајна победа на „Вествален“ пред 80.000 навивачи на „милионерите“ и славеа со 3-2.
Иако, почетната иницијатива им припадна на домашните фудбалери, кои уште на стартот наметнаа висок пресинг, сличен на оној на Манчестер Сити во вториот дел во реваншот во Монако, сепак гостите ја имаа првата шанса за гол и тоа од удар од 11 метри. Во 15. минута Сократис направи тактички фаул во казнетиот простор и Орсето без размислување досуди пенал за Французите, но искусниот Фабињо го промаши целиот гол и пропушти шанса за рано водство на својот тим.
Сепак, по само четири минути Монако дојде до заслужена предност на „Сигнал Идуна Парк“, а стрелец на голот беше кој друг ако не фантастичниот Мбапе, но истиот беше постигнат од очигледна офсајд ситуација. Во моментите кога Лемар го упати центаршутот, Мбапе се наоѓаше зад сите дефанзивци на „милионерите“, но играта не беше прекината и напаѓачот од само неколку метри ја смести топката во празната мрежа на домаќинот.
Иако имаа водство гостинските фудбалери продолжија со офанзивната тактика, која вроди со плод во 35. минута за огромно водство од 0-2. Ако првиот гол на Мбапе беше од очигледна офсајд ситуација и вториот гол на Монако имаше своја приказна, бидејќи не го постигна фудбалер на францускиот тим, туку тој беше дело на дефанзивецот на Дортмунд, Бендер. Германскиот репрезентативец сакајќи да ја отстрани опасноста од својот гол, не несреќен начин топката ја смести во сопствениот гол, за нов шок за домашната публика.
Во вториот дел фудбалерите на Тухел започнаа да наликуваат на себе, но само во почетните минути, во кои успеаа да ја намалат предноста на Монако. Во 57. минута младиот Осман Дембеле на асистенција на Кагава намали на 1-2 и го врати Дортмунд во живот.
Сепак, кога играш против еден ваков тим како што е Монако, треба да бидеш премногу претпазлив бидејќи и најситната грешка знае да ја казни. Тоа и се случи во 79. минута кога Мбапе го искористи недоразбирањето на домашните дефанзивци и со прекрасен гол зголеми на 1-3. Конечните 2-3 беа дело на асистентот на првиот гол за „милионерите“ Кагава на асистенција на одличниот Пулишиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)