Не им успеа планот пред Велигден да направат државен удар, за тоа сте заслужни вие, граѓаните, изјави еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
-Оваа црвено-жолта река денеска извојува уште една голема победа, ниту денеска не се избра претседател на ова Собрание, кој не ја отфрлил и не ја осудил Тиранската платформа. И денеска не им успеа планот пред Велигден да направат државен удар, за тоа сте заслужни сите вие, изјави Илиевски.
Народот собран пред собранието извикуваше дека е време за избори, бидејќи никој од нив не гласал на изборите за Тиранска платформа, а нивниот повик го искажа и Богдан Илиевски.
-Колку е убаво кога никој не мора ни да каже нешто, за народот сам да каже што сака и што чувствува. По45-ти пат сме тука, пред домот кој ја одразува, или барем треба да ја одразува, односно мора да ја одразува нашата политичка волја. Речиси милион и 200 илјади Македонци на 11 декември излегоа на гласање и ниту еден не гласаше за Тиранска платформа, ниту еден. Затоа сме на улица, затоа што некој после изборите се обиде да ја манипулира народната волја и да подметнува политички платформи создадени во други држави, да ни ја кројат нашата иднина. Дали е замисливо во друга држава нашиот живот да го кројат, дали е замисливо, дали е замисливо дел од Тиранската платформа се ослободувања на луѓе судени или осудени за убиство, да се ослободат по етнички клуч, изјави Илиевски.
Илиевски напомена дека кажале дека овие три дена биле клучни за да се спречи државен удар, дека битката продолжува и дека мора да се слушне гласот на граѓаните на Република Македонија.
-Овие три дена од оваа недела кажавме дека се клучни, ви честитам победивме. Наредната седмица, законодавниот дом, ниту утре, туку во вторник. Оваа победа е една од многуте, не е последна, имаме уште многу пред нас и уште многу ќе ги избориме, бидејќи, вистината, доброто е на наша страна, а доброто секогаш победува, затоа треба да продолжиме, да бидеме будни и да им порачаме немој да помислувате да си играте со овој народ и со сите луѓе кои се се уште дома, го чекаат најважниот момент да излезат на улица. Народот е на барикадите и народот мора да биде слушнат, не Еди Рама, граѓаните на Република Македонија, изјави Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.