| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата се повлече, Таксим преполн со демонстранти

Support demonstration in Vienna for Turkish protests in IstanbulПолицијата се повлече од централниот истанбулски плоштад Таксим, кадешто има насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите кои се противат на плановите на власта за реконструкција на плоштадот.

Во меѓувреме, претседателот на Турција Абдулах Ѓул апелираше да преовлада здравиот разум и да се воспостави мир. Вели  протестите поради реконструкција на плоштадот достигнале „загрижувачко ниво“  ја повика полицијата да не применува прекумерна сила.

Support demonstration in Vienna for Turkish protests in IstanbulПремиерот Реџеп Таип Ердоган, иако прво ги повика демонстрантите, кои протестираат од 28. мај, под итно да се разотидат, призна дека за време на полициските интервенции имало „екстремно“ реагирање против демонстрантите и рече дека тоа ќе биде истражено.

Clashes at protests in Istanbul

– Точно е дека имаше некои грешки, екстремна реакција на полицијата, рече Ердоган, по двонеделните судири на полицијата и демонстрантите во Истанбул, во кои, според информациите од медицинските работници, повредени се речиси 1.000 луѓе.

Министерството за внатрешни работи во меѓувреме соопшти дека ќе покрене постапка против полицајците кои употребиле прекумерна сила.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top