| четврток, 6 декември 2018 |

Борусија Дортмунд со порака до терористите: Го скршивте автобусот? имаме нов!

avtobus

Автобусот на Борусија Дортмунд синоќа беше цел на бомбашки напад, при што е повреден Марк Бартра, а мечот со Монако од Лигата на шампионите беше одложен за денеска, со почеток во 18.45 часот. Очигледно е дека се работи за терористички чин, но германскиот бундеслигаш продолжува со своите активности и за денешниот дуел фудбалерите ќе имаат нов клупски автобус.

– Го скршивте автобусот? Имаме нов – порачаа од Борусија Дортмунд.

Фудбалерите синоќа спиеја во своите домови, но во 9 часот наутро пристигнаа во клупската база, а потоа со новиот клупски автобус ќе се упатат на стадионот „Сигнал Идуна парк“, на мечот против Монако кој ќе започне во 18.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top