| четврток, 6 декември 2018 |

Со претставата „Фармата“ и доделување на награди се затвора 10. издание на ИТФ „Лица без маски“

Последниот фестивалски ден од 10. ИТФ „Лица без маски“ ќе се одржи на сцената во Театар Комедија, со изведбата на претставата „Фармата“ во режија на Паоло Алесандри, а во изведба на театарот „Софија Амендолеа“ од Рим, Италија, со почеток од 20 часот.

-„Фармата“ е претстава што е резултат од сценски дела базирани на соработка и вербална импровизација. Низ храбра употреба на човечкото тело, звуци, гласови и измислени работи, „Фарамта“ и ја претставува на публиката замислената „Страшна фарма“: место каде улогите на антагонистите – луѓе и животни, првично се измешани, потоа се претопуваат една во друга и создаваат едно ново застрашувачко суштество: ѕвер.

Во 21:45 исто така на сцената на Театар Комедија, жири комисијата во состав: Деан Дамјановски, режисер, Трајче Ѓеорѓиев, актер и Тони Димков, новинар и критичар ќе ги доделат трите награди и тоа: Гранд при за најдобра претстава во целина, Награда за најдобра режија и Награда за најдобро актерско остварување.    

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top