| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет и девет работници се повредени при експлозија во фабрика во Турција (Видео)

Дваесет и девет работници се повредени денеска во инцидент во текстилна фабрика во градот Черкези, во округот Текирдаг, во северозападна Турција.

Според информација на телевизијата Си-Ен-Ен Турк во фабриката одекнала експлозија.

Телевизијата НТВ, пак, објави дека во фабриката дошло до истекување на токсични хемиски супстанци, по што 29 работници биле хоспитализирани.

Во регионот се испратени противпожарни екипи, полиција и возила на брза помош.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top