Победата на Јувентус над Барселона за многумина беше изненадување, но фудбалерите на италијанскиот шампион скроија план како да ја поразат каталонската „машинерија“. Еден од оние кој најдобро ја позната екипата на Луис Енрике е бекот Дани Алвес, кој смета дека неосновани се критиките за фудбалерите на Барса, бидејќи Јуве бил пресилен, а не потфрлил противникот.
– Цврсто и агресивно во одбрана беше нашиот план. Не им оставивме простор да играат онака како што сакаат, па победета се должи на нашата сила, а не на слабостите на Барселона. Пред реваншот треба да бидеме претпазливи, сите видовме што му се случи на ПСЖ. Нема да биде лесно, но веруваме во нов успех – заклучи Бразилецот.
Дани Алвес на истекот од договорот ја напушти Барса за да потпише двегодишен договор со Јувентус. Во овој момент десниот бек на „старата дама“ е најтрофеен уште активен фудбалер во светскиот фудбал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.