
Аргентинскиот дуел меѓу Дибала и Меси во Торино вечерва му припадна на помладиот ас на Јувентус. Со два гола асот на „старата дама“ потврди дека е иднина на аргентинската репрезентација и на Јувентус. Сепак, и покрај 3-0 Аргентинецот повикува на претплазливост воочи реваншот.
– Одигравме одличен натпревар, ги искористивме шансите кои ги имавме и задоволни патуваме во Барселона. Многу позитивна е атмосферата во клубот и одиме чекор по чекот. Сакавме ваков резултат, да победиме без примен гол, но ништо не е готово. Ние сме тим кој се брани и напаѓа со 11 фудбалери и така ќе биде и во реваншот – истакна по мечот јунакот на дуелот.
Дибала беше силно критикуван за своите европски натпревари, но вечерва блесна кога беше прозван по директниот дуел со Меси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


