Во реприза на финалето на Лигата на шампионите од 2015 година, фудбалерите на Јувентус на домашен терен во првиот четвртфинален натпревар на ЛШ ја пречекаа Барселона и на крајот славеа победа од 3-0.
Фудбалерите на Јувентус извонредно започнаа и по само седум минути веќе имаа водство од 1-0. По навидум едно безопасно уфрлање во шеснаесетникот на Барселона, Квадрадо ја додаде топката до Дибала, а овој со прекрасен удар од од свртување го совлада Тер Штеген, за голема радост на „Јувентус стадиум“.
Во продолжение Барселона се обидуваше да се врати во игра, а шансата ја имаше Иниеста, но неговиот удар од косо, во 21. минута Буфон прекрасно го одбрани, а топката заврши само во корнер. Веќе во следниот напад следеше нов шок за фудбалерите на Барселона, Манџукиќ го проигра Дибала, а Аргентинецот во стил на голем стрелец со удар од прва по вторпат го матира Тер Штеген.
До крајот на одморот Барселона се обидуваше да направи притисок, но фудбалерите на Јувентус одлично ги прекинуваа сите нивни напади и на одмор заслужено заминаа со висока предност.
На стартот на вториот дел Енрике во игра го внесе Андре Гомез, на местото на Метју, но Јувентус беше тој кој им зададе уште еден удар на противничките фудбалери. По корнерот на Пјаниќ во 55. минута Кјелини го надскока Маскерано и со помош на дирекот донесе огромни 3-0 за Јувентус.
Во продолжение повторно Барселона го имаше поседот на топката, но Алегри се чини со извонредна тактика целосно ги неутрализира напаѓачите на Барселона. Во 72. минута Јувентус имаше прекрасна шанса за 4-0, Квадрадо ја искористи асистенцијата од Кедира, но главниот судија се чини ја оштети „старата дама“ бидејќи досуден непостоечки офсајд. До крајот повторно Барселона беше таа која комбинираше, но освен некој изведен корнер не успеаја да направат посериозна шанса пред Буфон, па заслужено се поразени со високи 3-0.
Реванш натпреварот се игра на „Камп Ноу“ веќе следната среда, а на фудбалерите на Барселона ќе му биде потребна повторно голема среќа за да успеат да се пласираат во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)