Бранко Црвенковски на утрешниот конгрес, на кој ќе говори прв и ќе даде отчет за минатиот четиригодишен период, ќе потенцира уште еднаш дека дефинитивно се збогува со водечката позиција во најголемата опозициска партија – објави Алфа.
Ова вчера им го соопштил и лично на претставниците на Иницијативниот одбор кои досега собрале околу 21 илјада потписи од членовите за негово останување на чело на СДСМ. Со нив разговарал близу два часа, вели за Алфа генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров. Тој најавува дека на претставник од ИО ќе му биде овозоможено пред делегатите да ја образложат нивната иницијатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.