| четврток, 6 декември 2018 |

Протестен марш и денеска во Кавадарци: Ништо нема да не скрши, мирно ќе протестираме се додека не го слушнат гласот на народот!

Протестен марш и вечерва се одржа во Кавадарци, а граѓаните порачаа дека се против т.н. тиранска платформа и се за зачувување на унитарноста на Република Македонија.

– Од градскиот плоштад во Кавадарци повторно упатуваме порака дека ништо нема да не скрши и дека мирно ќе протестираме се додека не го слушнат гласот на народот. Ова се моменти кога Македонија повикува да ја одбраниме. Ова е четврти Илинден. Зарем во 21 век да се потклекне на некаква тиранска платформа?, нагласи историчарката Светлана Јосифова.

Таа потенцира дека доста е од неправди и укажувајќи оти народот дава мандат и народот го одзема.

Јосифова повика на сплотеност, заедништво, откажување од туѓата платформа, нови избори заедно со локалните и обединување на македонскиот народ, каде и да е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top