| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните едногласно порачаа: Не смеете да си играте со народот! (Снимка од дрон)

Граѓаните 44-ти ден се на улиците низ цела Македонија за одбрана на унитарноста и сувереноста на државата. Богдан Илиевски, еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ уште еднаш ја повтори поддршката за претседателот Иванов и напомена дека Тиранската платформа нема мандат за формирање влада.

Повторно дојдовме тука кај претседателот на државата за да му порачаме да продолжи да го брани Уставот на Република Македонија, поради него има право да дава мандат некому за да формира влада, тој мандат Тиранската платформа го нема, а не смее да го има. Се додека Ѓорге Иванов го прави тоа, ја има нашата поддршка, бидејќи ние сме на улица 44 дена, за да го браниме уставот на Република Македонија. Претседателе ви благодариме, не подлегнувајте под притисоците, бидете со нас, ќе бидеме со вас, да сте живи и здрави. Во моментов во Собранието се собрани сите, ајде да видат колку не има нас тука и да им порачаме дека не смеат да си играат со народот, изјави Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top