По заминувањето на Бастијан Швајнштајгер од Манчестер Јунајтед, се очекуваа деновиве првите отровни стрели врз Португалецот, но Швајни реши да ја олади ситуацијата и во вистинско светло да ја претстави работата како се одвивала.
Тој како што знаеме, се пресели од Јунајтед во Чикаго Фајр, тим од МЛС лигата, а деновиве го даде првото интервју поврзано со неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо, и третманот кој го добил во трофејниот англиски клуб.
-Се разбира дека тоа беше една незгодна ситуација и за двајцата, како јас, така и тренерот Мурињо, бевме во незгодна и несреќна ситуација, но секако, го посакував најдоброто за Јунајтед. Се надевам дека тие ќе се квалификуваат во ЛШ. Секогаш ги гледам на ТВ, без разлика кога и да играат, па им посакувам само победи, истакна Швајни од Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Швајни доби награда, но ѕвезда на вечерта беше неговата сопруга!
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)