| четврток, 6 декември 2018 |

Раниери се отвори 45 дена по отказот: Со ладна глава, можам да кажам дека тие не ме убија

klaudio ranieri

Веќе минаа 45 дена откако Клаудио Раниери ја заврши својата бајка во Лестер поради отказот кој го доби од страна на челните луѓе на клубот, но ако имаше нешто по што беше актуелно отпуштањето на италијанскиот стручњак во изминативе месец и половина, тоа е формата која ја прикажува тимот од „Кинг Пауер“ по неговото заминување.

Лестер прокнижи пет последователни победи во Премиер лигата и ја елиминираше Севилја во осминафиналето во Лигата на шампионите по замиинувањето на Раниери, а тоа дополнително им даде за право на англиските медиуми да пишуваат за таканаречената подмолна теорија. Голем дел од таблоидите уште на почетокот потенцираа дека дел од играчите на Лестер намерно го наместиле Раниери да добие отказ недавајќи го својот максимум на натпреварите, па по безброј реакции и коментари, сега конечно на оваа тема се огласи и самиот Клаудио во својата последна изјава за „Скај Спортс“.

– Не можам да останам слеп и нем на тоа што се пишува, но јас мислам само едно. Не, не можам да верувам дека моите играчи ме убија. Не, во ниту еден случај не верувам во тоа и не беше така. Играчите едноставно не го дадоа максимумот од себе, но најверојатно поради некој друг проблем. Можеби проблемот беше тоа што повеќе им беше голем притисок постојано да се очекуваат победи. Тоа што имав да им го кажам, им го кажав во лице. Со ладна глава, можам да кажам дека тие не ме убија – потенцирал Раниери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top