| четврток, 6 декември 2018 |

Адебајор не заборавил да дава голови, со хет-трик го потопи Галатасарај (видео)

emanuel adebajor

Екипата на Башакшехир забележа значајна победа во турското првенство совладувајќи го гигантот Галатасарај со убедливи 4-0, а херој на домаќините е некогашната ѕвезда на Арсенал, Емануел Адебајор.

Тогоанецот им се врати на головите во турскиот шампионат со стил, затоа што во „покерот“ тој беше стрелец на три гола. Најпрво, Адебајор го отвори резултатот во 11. минута, а вториот погодок пристигна непосредно пред финишот на првото полувреме, во 44. минута.

Хет-трикот напаѓачот го комплетира во 57. минута, а точка на победата стави Пектемек, кој погоди во мрежата на Галатасарај во 86. минута од мечот.

Башакшехир се наоѓа на второто место во турското првенство со 56 бода, пет помалку од лидерот Бешикташ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top