| четврток, 6 декември 2018 |

Ловџиите денеска ќе го предводат маршот „За заедничка Македонија“: Нема да молчиме и мирно да гледаме како се разнебитува државата

Македонските ловџии денеска повторно ќе го предводат протестот на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која по 44-ти пат ќе протестира за целосно отфрлање на Тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата. Ловџиите веќе порачаа дека нема да молчат и мирно да гледаат како со некои сценарија се разнебитува Македонија.
Македонските ловџии самоницијативно денеска се пријавиле да бидат на чело на маршот, како одговор на низата шпекулации кои се шират во јавноста за евентуални немири предизвикани од разни групи кои би предизвикале насилство меѓу мирните граѓани кои веќе седма недела протестираат гордо и достоинствено без ниту еден забележан инцидент.

Ловџиите го предводеа мершот на 18-тиот ден од протестите и потврдија дека кога и да затреба ќе застанат на браникот на татковината и ќе останат да ја штитат заедничка Македонија, како суверена и унитарна држава. Тие велат дека нема да молчат и мирно да гледаат како со некои сценарија се разнебитува Македонија.

-Ние ловците во Република Македонија, сме големо семејство и големи чувари на природата, кои не се обоени со ниту една политика или политиканство, но знаеме да процениме кога е загрозена Македонија, ние ловците нема да молчиме и мирно да гледаме како со некои сценарија ни ја разнебитуваат Македонија, нема да го дозволиме тоа. Од ова место ги повикувам сите ловци без разлика на нивната етничка, верска, политичка определба, да застанаме заедно во одбрана на заедника, сите заедно да продолжиме да се дружиме во нејзините природни убавини, велат ловџиите.

Ловџиите повикаа на трпеливост во овие клучни моменти за Македонија.

-Повикуваме на разум и трпеливост во овие клучни моменти кои можат да ја однесат Македонија во несакани правци од кои нема назад. Порачуваме, тука сме и ќе останеме да ја штитиме заедничка Македонија, со сите обележја на унитарна, суверена и самостојна држава. Секоја идеја за нејзино редифинирање нема да им помине, велат тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top