Во ноември минатата година, Луисана Лопилато и нејзиниот сопруг Мајкл Бубле соопштија дека на нивното тригодишно синче му бил дијагностициран рак на црниот дроб.
Ѕвездата од серијата „Млади бунтовници“ присуствуваше на пресконференција за нејзиниот најнов филм каде за првпат јавно прозбори за тешката борба со ракот на малиот Ноа.
-Сакам да споделам со сите вас дека благодарение на Бог, син ми е добро. Секако, процесот е долг, како што знаете сите, и Ноа мора да продолжи со контроли. Но, ние сме многу среќни и многу сакаме да размислуваме за иднината, да ги гледаме нашите синови како растат. Тешко е да се зборува, бидејќи сето тоа се случи пред многу кратко време, па јас сум малку чувствителна на оваа тема – изјави Луисана и продолжи да ѝ се заблагодарува на филмската екипа за разбирањето и чекањето таа да може да продолжи со снимањето на филмот.
Лопилато и Бубле ги ставија своите кариери на пауза веднаш по дијагностицирањето на болеста.
Славното семејство неодамна се врати во Аргентина, откако неколку месеци престојуваше во САД, каде се лекуваше малиот Ноа.
29-годишната аргентинска актерка и 41-годишниот канадски пејач се родители и на едногодишниот Елијас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.