| четврток, 6 декември 2018 |

Ефтов: СДСМ/Сорос подготвува нова битка, ќе се крши патриотизмот во руралните средини

Пред десетина дена во Скопје престојуваше новата ѕвезда на сите тие Шарени револуции кои се случуваа во Србија, Романија, Украина, а и кај нас. Тоа е господинот Марко Грегович кој всушност е играч на британските разузнавачки структури и како таков делува во просторот на цела источна Европа, открива Васко Ефтов во својата последно издание на „Во центар“.

– Тој е претставен како тренер на документ на кој стои логото на UNDP, a лево има и назнака на Амбасадата на Велика Британија во Украина.

mg

– Еве како македонската групација LЕAD, која е дел од тој шешир на Сорос во Македонија, го претставува гостување на Грегович во Македонија на конференција која на 11 март се одржа во хотелот Континентал, прикажува Ефтов.

 

09-1

Грегович на својот Фејбук профил објавил слика од протестите на која вели дека вчера бил во Романија, а денес во Србија на која објава навел дека се чувствува горд.

– Уште една вест која може да се стави во контекст на гостувањето на Грегович во Македонија е дека „Истражувачкото новинарство за поттикнување реформи“ го пролонгира својот конкурс за уште еден месец за 8 мали грантови за истражувачко новинарство, посебно во тие рурални средини. Во слични рамки се случува и делувањето на таа групација или организација LEAD, која делува во Македонија и е дел од таа лепеза на соросови невладини организации и пикира токму на тој невладин сектор во тие рурални средини.

– Што е поентата на ова? Во тие рурални средини постои силен набој на патриотизам и таму секогаш победува ВМРО ДПМНЕ, а подготвувајќи се за локалните избори овие соросови организации всушност настојуваат токму таму да го скршат тој патриотизам за да можат да постигнат подобри изборни резултати, вели Ефтов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top