Во рамки на XXIX Меѓународен саем на книгата во Скопје, во сабота, 08.04.2017, со почеток од 19 часот, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија традиционално ги додели наградите поделени во 5 категории, за изданија издадени меѓу двата саеми. Одлуката ја донесе тричлена стручна комисија во состав проф. д-р Елизабета Шелева, претседател и член, проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, член, и проф. д-р Владимир Мартиновски, член. Право на учество имаа сите изложувачи на саемот.
Добитници на наградитe се следниве книги и реализатори:
I КАТЕГОРИЈА: Најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу двата саеми
I. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ОРИГИНАЛНО ИЗДАНИЕ ОД ОБЛАСТА НА ЛИТЕРАТУРАТА, НАУКАТА, КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„ПЛАНЕТАРИЗАМ – ДВИЖЕЊЕ“
автор: Киро Урдин, издавач: МАГОР, Скопје
II. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ОРИГИНАЛНО ИЗДАНИЕ ОД ОБЛАСТА НА ЛИТЕРАТУРАТА, НАУКАТА, КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„ИЗВЕШТАИ НА РИСОТ“
автор: Славе Ѓорѓо Димоски, илустрации: Сергеј Андреевски, издавач: ПНВ публикации, Скопје
III. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ОРИГИНАЛНО ИЗДАНИЕ ОД ОБЛАСТА НА ЛИТЕРАТУРАТА, НАУКАТА, КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„ОБЛИКОТ НА ХРАМОТ“
автор: Викторија Поп Стефанија, издавач: МАГОР, Скопје
II КАТЕГОРИЈА: Најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга – едиција меѓу двата саеми
I. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ И ДИЗАЈН НА КНИГА-ЕДИЦИЈАМЕЃУ ДВАТА САЕМИ
ГОДИШНИК „MONUMENTA“
издавач: МАНУ, Скопје, ликовно обликување: Филип Митров и Методија Николовски
II. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ И ДИЗАЈН НА КНИГА-ЕДИЦИЈАМЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„СЕНИШТЕТО“
автор: Терезија Мора, издавач: ГОТЕН, Скопје, ликовно обликување КАПКА ДИЗАЈН
III. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ И ДИЗАЈН НА КНИГА-ЕДИЦИЈАМЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„СИНОТ-РИБА (СИТУАЦИИ)“
автор: Александар Прокопиев, ликовно обликување: Владимир Лукаш, издавач: АВАНТ ПРЕС, Скопје
III КАТЕГОРИЈА: Најдобро илустрирана книга или сликовница меѓу двата саеми
I. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ИЛУСТРИРАНА КНИГА ИЛИ СЛИКОВНИЦА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„DOĆI ĆU IZ ŠUME ČAK“
автор: Jelena Martinović Bogojević, автор на илустрации: Ivana Vujošević, издавач: ZAVOD ZA UDZBENIKE I NASTAVNA SREDSTVA, Podgorica
II. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ИЛУСТРИРАНА КНИГА ИЛИ СЛИКОВНИЦА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„КОЈ САКА ДА БИДЕ КОСМОНАУТ?“
автор: Александар Кујунџиски, илустрации: Жарко Туниќ, издавач: АНТОЛОГ, Скопје
III. НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРО ИЛУСТРИРАНА КНИГА ИЛИ СЛИКОВНИЦА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„100 ИЛУСТРИРАНИ БАСНИ ОД ЕЗОП“
илустрации: Игор Јовчевски, издавач: ЕДУКА МАК, Скопје
IV КАТЕГОРИЈА: Награда „Јаков од Камена Река“ за најдобра компјутерска обработка за печат или отпечатена книга или едиција меѓу двата саеми:
I. НАГРАДА
„ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА“ЗА НАЈДОБРА КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА,ПЕЧАТ И ИЗРАБОТКА НА КНИГА ИЛИ ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„КУРАН“
Издавач ЛОГОС-А, изработка ФОКУС ПРИНТ
II. НАГРАДА
„ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА“ЗА НАЈДОБРА КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА,ПЕЧАТ И ИЗРАБОТКА НА КНИГА ИЛИ ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„ПОПАТНО“
автор: Влада Урошевиќ, издавач: МАГОР, Скопје
III. НАГРАДА
„ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА“ЗА НАЈДОБРА КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА, ПЕЧАТ И ИЗРАБОТКА НА КНИГА ИЛИ ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
„ХРОНО КУЈНА“
автор: Ана Чубела, издавач: ПРОСВЕТНО ДЕЛО, Скопје
V КАТЕГОРИЈА: Најдобар книжар меѓу двата саеми.
Во оваа категорија, по тесната трка, комисијата одлучи да ја додели наградата на двајца конкуренти:
-НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР КНИЖАР МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
РОБЕРТ БОГДАНОВСКИ
МАТИЦА МАКЕДОНСКА, Скопје
-НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР КНИЖАР МЕЃУ ДВАТА САЕМИ
АНДРЕЈ ЈОВАНЧЕВСКИ
БЕГЕМОТ, Скопје