Дарко Панчев, фудбалерот на векот во Македонија и единствената Златна копачка од нашата земја, на денешен ден пред 26 години постигна погодок во полуфиналето од Европскиот 0куп против Баерн Минхен.
Белградскиот тим успеа на „Олимпискиот стадион“ во Минхен да слави со 1-2, иако имаше негатива на стартот од мечот. Баварците поведоа преку Роналд Волфарт, а Дарко Панчев пред финишот на првото полувреме успеа да изедначи на 1-1. Победата ја донесе Дејан Савичевиќ со погодок во 70. минута од натпреварот.
Реваншот во Белград меѓу Црвена Звезда и Баерн Минхен кој се одигра две недели подоцна заврши со резултат 2-2, со што белграѓани обезбедија пласман во големото финале, каде подоцна станаа и шампиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)