Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Техеран, упати писмо со сочувство до претседателот на Исламска Република Иран, Хасан Рухани.
– Со згрозеност, вознемиреност и тага ја примив информацијата за ужасниот терористички чин што се случи во Техеран и искрено жалам за загубените животи од оваа трагедија. Нема соодветни зборови што ќе ја намалат вашата така и тагата на семејствата на настраданите, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да ви упатам изрази на мое најискрено сочувство – наведува претседателот Иванов во писмото.
Терористичките закани, како што истакнува, можат да бидат поразени само со координиран, заеднички и бескомпромисен одговор.
– Затоа, сакам да ве уверам дека одлучно го осудувам ова нечовечно злосторство и дека Република Македонија стои рамо до рамо со целата меѓународна заедница во борбата против тероризмот – вели македонскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.