| четврток, 6 декември 2018 |

Телеграма со сочувство до семејството на Зоран Маџиров од Канческа-Милевска

По повод смртта на перкусионистот Зоран Маџиров до неговото семејство стигнаа телеграми со сочуваство од бројни пријатели, колеги и политичари.

– Со голема тага ја примив веста за смртта на нашиот маестро Зоран Маџиров. Заминувањето на овој голем уметник и човек претставува огромна загуба за Вашето семејство, за македонската култура и македонската држава воопшто. Со неговата виртуозност, инвентивност, енергичност, мултиталентираност и бескрајна љубов кон музиката, маестро Маџиров несомнено остави зад себе непроценливо наследство кое верувам ќе биде голем поттик за новите генерации македонски уметници. Македонската култура вечно ќе го памети. Нека почива во мир, пишува во телеграмата на Елизабета Канческа-Милевска до семејството на Зоран Маџиров, кој пред седум месеци имаше тешка сообраќајна несреќа и денеска почина на 49-годишна возраст.

До семејството на Маџиров телеграма упати и Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top