Заврши Меѓународниот театарски фестивал Билазора, кој се одржуваше во Свети Николе и Штип, од 28 март до 7 април ова година…
Фестивалот беше покренат и организиран годинава прв пат, а Иницијатор и организатор на Фестивалот беше Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански универзитет Гаврило Романович – Державин од Свети Николе.
Фестивалот Билазора започна на 28 март, по повод 27 март – Светскиот ден на театарот и траеше вкупно единаесет дена. Фестивалот беше замислен и се реализираше како театар во куфер, односно мобилен театар, а го носи името Билазора според истоимениот археолошки локалитет во Овче Поле, во непосредна близина на Свети Николе.
Инаку, на првото издание на Меѓународниот театарски фестивал Билазора настапија: Народниот театар од Врање со претставата Женски разговори од Душко Радовиќ, , студентите од класата на актерот и професор Мето Јовановски при Универзитотот ЕФТА од Скопје, Народниот театар Антон Панов од Струмица со претставата Каминот, Театарот Скрб и утеха од Скопје со претставата Патот во режија на Тихомир Стојановски, како и Тетатарот Сцена 71 од Свети Николе со премиерата на претставата Европејци од Мирољуб Недовиќ во режија на Слободан Елисеев. Значи, се претставија вкупно пет театри со пет театарски претстави.
Гостите од Врање настапија и во Свети Николе и во Штип. Сите театарски претстави предизвикаа голема заинтересираност кај граѓаните од Свети Николе и Штип, каде салите при изведбите на претставите беа преполни.
Иако Меѓународниот театарски фестивал беше покренат годинава и се одржа првпат, доби широк публицитет, симпатии и поддршка, па веднаш по неговото завршување ќе започнат подготовките и за наредното издание, зашто голем број театри од земјава и странство уште сега се пријавуваат за учество во наредната година.
Првото издание на Меѓународниот театарски фестивал Билазора, според зборовите на директорот на Фестивалот проф.д-р Христо Петрески и селекторот м-р Трајче Кацаров ги оправда, но и ги надмина очекувањата на учесниците и публиката, за што сведочат и полните сали, непрекинатите аплаузи, но и овациите на присутните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.